
Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) денеска соопшти дека ја прекинуваат соработката со Шпанецот Раул Гонзалез по взаемна согласност


Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) денеска соопшти дека ја прекинуваат соработката со Шпанецот Раул Гонзалез по взаемна согласност
– Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката, соопштија од РФМ.
Оттаму му се заблагодарија на популарниот „Ел команданте“ за досегашното работењe со сениорскиот тим и му посакаа се најдобро.
– Иако ќе ни недостасува неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи, додаваат од РФМ.
Раул моментално е тренер на француски ПСЖ, откако од клупата го предводеше скопски Вардар кон титулата европски шампион. На изминатово СП, кое неодамна се одржа во Германија и Данска, Гонзалез ги водеше „жолто-црвените“ до пласман на 15-тото место.