20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБостон ја прекина серијата на Оклахома

Бостон ја прекина серијата на Оклахома

Кошаркарите на Бостон Селтикс ја добија дерби пресметката со Оклахома Сити Тандер во НБА лигата. „Келтите“ пред своите гледачи во „Ти-Ди Гарден“ славеа со 134-129 и на тој начин и ставија крај на победничката серија на Џорџ, Вестбрук и компанија (седум триумфи во низа).

Како што покажува самиот резултат, дуелот беше неизвесен од почетокот до крајот, двата состави имаа свои моменти за да на крајот решаваат нијанси кои беа на страната на домаќините. Во прв план беше Ирвинг кој запиша дабл-дабл ефект од 30 поени и 11 скокови, но тој имаше фантастична поддршка од соиграчите од кои седумина беа со двоцифрен број на кошеви.

На Оклахома не и беа доволни 37 поени на Џорџ како и новиот трипл-дабл на Вестбрук (22 поени, 12 скокови и 14 асистенции).

На останатите две средби, Торонто беше поуспешен од ЛА Клиперс со 121-103, а пак Мемфис го освои „Медисон Сквер Гарден“ и Њујорк со 96-84.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП