30 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.02.2019

Дневен хороскоп 04.02.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Успевате да дојдете до посакуваната цел. Ви се препорачува да започнете приватен бизнис. Потпрете се на вашата најдрага личност. Не навлегувајте во судири, особено кога се работи за љубовта. Можна е вртоглавица и мачнина.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Чувајте се од можни измами. Понекогаш сте премногу наивни во контактот со лицата кои најчесто зборуваат слатки нешта. Во љубовта сте романтични. Ве очекува романтично патување. Добро се чувствувате, а здравствената ситуација ви се поправа.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во работата не го гледате само вашиот интерес и поради тоа сте многу ценети. Слободните припадници на овој знак можат да запознаат некој со кој во брзо време ќе посакаат да стапат во брак или да основаат семејство. Поведете сметка за начинот на исхрана.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Имате потреба да работите повеќе нешта одеднаш, но заработката не е онаква како што се надевате. Сето она во што вложувате енергија ќе ви донесе сатисфакција во иднина. Во љубовта сте многу таинствени и предизвикувате внимание каде и да се појавите. Уморни сте.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Концентрацијата ви е лоша и можни се грешки кои можат да ви донесат последици. Чувајте се од личности кои ви ласкаат. Партнерот од вас очекува повеќе од она што му давате. Можно е заладување на односите.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Сакате да ја исправите неправдата и ќе успеете во тоа. Некој сака да ја изигра вашата доверба и никако да најдете заеднички јазик. На партнерот му поставувате високи цели од кои нема да се откажете по ниедна цена. Чувајте се можна е вирусна инфекција.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Упорни сте во се што сте замислиле и тоа во овој период ви оди од рака. Склони сте на исцрпување, како физички така и ментално. Би требало да научите отворено да покажувате што чувствувате. Можна е нервоза и напнатост.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Добродушни сте и наивни. Добра прилика за креативни работи или за водење на деловни разговори. Многу сте романтични и правите се за некој кој многу ви е драг. Чувајте се од можни повреди.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

На необичен начин ќе успеете да ги решите проблемите поради кои не сте можеле нормално да функционирате. Ќе се дружите главно со лица за кои сте деловно повразни. Здравствената ситуација се поправа и задоволни сте.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Влегувањето во долгови не е добар начин да ја решите моменталната ситуација. Семејните односи прилично се затегнати, главно поради преоптеретеноста со работа. Можни се добивки во игрите на среќа. Некој сличен на вас може да ви се допадне.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Некој врши постојан притисок на вас да направите нешто што не сакате. Потпрете се на советите на еден од најблиските. Љубовниот живот е далеку од она каков што сакате да биде. Вашата тврдоглавост е причина за повремените несогласувања со партнерот. Можен висок крвен притисок.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Продорни сте и ќе успеете да остварите и многу повеќе од тоа што сте го очекувале. Во љубовта сте прилично несигурни, имате впечаток дека партнерот ви е доминантен и дека ви поставува одредени услови. Проблем и болки во пределот на вратниот дел на грбот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП