28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБостон победи во Њујорк, Јокиќ одличен во победата на Денвер (видео)

Бостон победи во Њујорк, Јокиќ одличен во победата на Денвер (видео)

Навивачите во „Медисон Сквер Гарден“ имаа можност да уживаат во играта на Кајри Ирвинг, кого се надеваат дека ќе го имаат во својот ростер наредната сезона. Плејмејкерот на Бостон беше прво име во победата на својот тим против Њујорк (99-113). 26-годишникот го заврши мечот со 23 поени и десет скока.

Денвер Нагетс постигна 83 поени во првото полувреме, со кои ја најави убедливата победа над Хјустон Рокетс (136-122) на домашен терен. Никола Јокиќ одново одигра фантастично и запиша „дабл-дабл“ со 31 поен и 13 скока, а на спротивната страна продолжи серијата на Џејмс Харден од натпревари на кои постигнува најмалку 30 поени.

Дуото Пол Џорџ – Расел Вестбрук одново блесна и донесе нов триумф за Оклахома Сити против Мајами (102-118). Бекот оствари учинок од 43 поени, седум скока и пет асистенции, додека плејмејкерот го заврши мечот со нов „трипл-дабл“, 14 поени, 12 скока и 14 асистенции.

Седум кошаркари на Јута постигнаа двоцифрен број на поени во победата над Атланта (128-112) пред своите гледачи. Доминираше Руди Гобер со 25 поени и 13 скока и шут од поле 7/7.

Последниот меч донесе нова домашна победа на Шарлот во дуелот со Мемфис (100-92).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП