Финскиот производител на телекомуникациска опрема „Nokia“ успеа да надмине прогнозите за четвртиот квартал за приходите и профитот, а во исто време прогнозира силна 2019-та година, соопштува „Ројтерс“.
„Nokia“ објави дека нејзиниот оперативен профит се зголемила за 12% на годишно ниво до 1,12 милијарди евра (1,29 милијарди долари) за четвртиот квартал. Овој резултат е многу над очекувањата на аналитичарите за добивка во износ од 1,056 милијарди евра.
Компанијата предвидува добивка по акција во 2019-та година меѓу 0,25-0,29 евра за акција.
Индустријата за мрежна опрема, каде доминираат „Nokia“, шведската „Ericsson“ и кинеската „Huawei“, страдаше во последните години од сериозното забавување на побарувачката, откако продажбата на „4G“ мрежите го достигна својот врв во средината на сегашната деценија.
Во моментов индустрија се подготвува за нов циклус од надградба на мрежата, кој се засилува покрај тендерите за изградба на „5G“ мрежи.
Во рамките на разговорот со аналитичарите, менаџерите појаснија дека во моментов има повеќе од 70 тестирања на „5G“, а најмногу од тие се во САД, најголемиот пазар за „Nokia“.
На крајот на декември „Nokia“ пушти на пазарот базни станици кои ги редуцираат емисиите на јаглерод до 80%.
Во јануари, компанијата објави дека планира да отпушти околу 350 вработени во Финска како дел од својата програма за намалување на трошоците, која има за цел да и заштедат 700 милиони долари.