7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКралот Џејмс се врати победнички, Шампионот изненаден (видео)

Кралот Џејмс се врати победнички, Шампионот изненаден (видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс во градското дерби го совладаа Лос Анџелес Клиперс со 123-120, а натпреварот во „Стејплс Центар“ го одбележа враќањето на Леброн Џејмс. „Езерџиите“ имаа и +14 во текот на мечот, но Херис во последната минута погоди тројка за 112-112 и го внесе мечот во продолженија.

Во екстра времето, Лејкерси беа далеку поконцентрирани и на крајот славеа важна победа против директниот конкурент за место во плеј-оф завршницата. Лидер кај победничкиот тим беше Леброн Џејмс со „дабл-дабл“ учинок (24 поени и 14 скока), а се истакна и Ленс Стивенсон со 20 поени. Кај „клиповите“ Лу Вилијамс запиша 24 поени.

Филаделфија 76ерс застана на патот на Голден Стејт Вориорс и успеа да ја прекине низата на „воините“ од 11 победи по ред, откако на гостински терен славеше победа од 104-113. Најдобар во тимот од Пенсилванија беа Џоел Ембид и Бен Симонс со по 26 поени, а кај Вориорси, Стеф Кари запиша 41 поен, но и тие беа недоволни за позитивен резултат.

Лука Дончиќ поради повреда на скочниот зглоб не беше дел од тимот на Далас Маверикс, кој на гостински терен беше поразен од Детроит Пистонс со 93-89. Маверикси, иако во втората четвртина имаа и +14 (29-43), на крајот не успеаја да запишат нова победа. Предводник до новата радост на Пистонси беше Блејк Грифин со 24 поени, а кај Дала,с Хариос Барнс запиша 27 поени.

Во дербито на Истокот, Милвоки Бакс на гостински терен го совлада Торонто Репторс со 92-105, Сан Антонио Спарс беше подобар од Бруклин Нетс со 117-114, а Орландо Меџик го доби дуелот со Индијана Пејсерс со 107-100.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП