28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФелаини не им одолеа на кинеските милиони

Фелаини не им одолеа на кинеските милиони

Маруан Фелаини за 12 милиони евра од Манчестер Јунајтед се пресели во Шандонг. Белгиецот е еден од оние играчи што решија да ги прифата богатите финансиски услови што ги нудат кинеските клубови.

Фелаини потпишал три годишен договор, вреден 10 милиони евра по сезона. Во Манчестер Јунајтед Фелаини мина пет и пол години, одиграл 177 натпревари на кои забележал 22 гола и 12 асистенции.

Сезонава постигнал два гола на 21 натпревар.

Минатото лето тој со Белгија го освои третото место на Светското првенство. Фелаини во кариерата играл за Стандард од Лиеж и Евертон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП