19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШоу на Јокиќ, Далас славеше на гости кај Њујорк (видео)

Шоу на Јокиќ, Далас славеше на гости кај Њујорк (видео)

Екипата на Денвер ја продолжи трката за првото место на Западот со Голден Стејт и запиша нова победа. Овојпат беше надигран Њу Орлеанс (99-105) и тоа благодарение на одличниот Никола Јокиќ. Српскиот центар оствари „трипл-дабл“ учинок со 20 поени, 13 скока и десет асистенции.

Првото гостување во „Медисон Сквер Гарден“ за Лука Дончиќ беше проследено со славје на неговиот Далас против домаќинот Њујорк (90-114). Словенецот овојпат беше во сенка на младиот Денис Смит Јуниор кој беше прво име во редовите на Маверикси со 13 поени, десет скока и 15 асистенции.

Убедлив домашен триумф запиша тимот на Бостон против Шарлот (126-94). На теренот повторно не се појави Кајри Ирвинг, но затоа останатите си ја завршија својата работа и ја израдуваа публиката во „ТД Гарден“. Најефикасен од сите нив беше Џејлен Браун со 24 поени и десет скока.

Дуото на Портланд, Дејмиен Лилард и Си-Џеј Меккалум, блесна во победата на домашен терен против Јута (132-105). Првиот плејмејкер на екипата постигна 36 поени и подели 11 асистенции, а неговиот колега се надоврза со 30 поени. Со ваква игра, Треил Блејзерси ќе бидат проблем за секого во НБА доигрувањето.

Српските интернационалци во Сакраменто имаа солидна вечер во славјето против Атланта (135-113). Богдан Богдановиќ постигна 16 поени, а Немања Бјелица 12 во меч во кој домашната екипа во сите четвртини ја достигна границата од 30 поени.

Најнеизвесниот меч го одиграа Минесота и Мемфис (99-97) во кој херој беше Карл-Ентони Таунс кој ги постигна поените за победа на Тимбервулфси со звукот на сирената.

Во останатите натпревари, Чикаго го изненади Мајами (89-105), а Вашингтон го одбрани домашниот терен во дуелто со Индијана (107-89).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП