19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Galaxy S10+ пристигнува и во 12GB/1TB верзија?

Samsung Galaxy S10+ пристигнува и во 12GB/1TB верзија?

Како што пренесува „GSM Arena“, јасно е ставено до знаење дека „S10“ ќе биде достапен во три големини, и дека моделот со дијагонала на екран од 5,8 инчни нема да го има името „Lite“.

Најмалиот „Galaxy S10“ ќе има чипсет и меморија како и останатите модели од серијата. Исклучок ќе биде премиум верзијата „Galaxy S10+“ моделот, кој ќе има 12GB RAM и 1TB простор за складирање.

„S10+“ со екрано од 6,4 инчи ќе има три камери на задната страна и две на предната, додека останатите ќе имаат по една предна камера.

„Galaxy S10“, со дијагонала на екранот од 6,1 инч, исто така ќе има три камери на задната страна, додека најмалиот „S10“ ќе има само два сензори.

Кога станува збор за надворешниот изглед, уредот ќе ја има веќе стандардната црна верзија, потоа белата (Pearl) и зелената (Sea Green). Можно е некои од моделите да имаат и дополнителна боја, како на пример сина или жолта.

Сите три модели „Samsung Galaxy S10“ ќе имаат „One UI“ софтвер и стандарден приклучок за слушалки од 3,5 милиметри.

Новиот премиум смартфон на „Samsung“ официјално ќе биде претставен на 20-ти февруари, а на пазарот би требало да се појави околу 8-ми март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП