28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов пораз за Лејкерс, Њу Орлеанс го совлада Хјустон

Нов пораз за Лејкерс, Њу Орлеанс го совлада Хјустон

Очајната прва четвртина беше причината за новиот пораз на ЛА Лејкерс во дуелот со Филаделфија 76ерс (105-121). Гостите направија +19 по првите 12 минути и ја задржаа предноста до крај за да ја продолжат кризата на „езерџиите“ кои и понатаму играат без Леброн Џејмс. Џоел Ембид со 28 поени и 11 скока се истакна во редовите на Филаделфија.

Дуото на Оклахома Сити, Расел Вестбрук и Пол Џорџ, продолжи со одличните игри и ја предводеше својата екипа во славје над Орландо (117-126). Плејмејкерот одново запиша „трипл-дабл“ учинок, а бекот со 37 поени беше најдобар поентер. Домаќинот одигра солидно, имаше предност по три периоди, но на крај поради лошата завршница го загуби натпреварот.

Екипата на Њу Орлеанс и без повредениот Ентони Дејвис го надигра Хјустон на гостински терен (116-121). Џејмс Харден продолжи со низата на мечеви на кои постигнува над 30 поени, но тие денес не беа доволни за да се избегне поразот.

Потешко од очекувањата, Сан Антонио го совлада Феникс (126-124) и тоа со поените на Руди Геј со звукот на сирената. Тренерот Грег Попович не беше задоволен од играта на своите избраници за кои по мечот изјави дека не покажале сериозност и почит кон противникот.

Јанис Антетокумпо постигна 21 поен и подели 11 асистенции во гостинската победа на Милвоки кај Детроит (105-115). Со тоа Бакси ја зголемија предноста пред Торонто на врвот на источната конференција.

Во останатите два меча, Кливленд го порази Вашингтон (116-113) предводен од расположениот Чеди Осман, а Бруклин го одбрани домашниот терен против Чикаго (122-117).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП