26 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПеришиќ се договорил со Арсенал

Перишиќ се договорил со Арсенал

Иван Перишиќ се наоѓа пред трансфер во Арсенал. Хрватот ги договорил личните услови, останува уште Интер да го одобри трансферот.

Перишиќ синоќа не играше против Торино кога побарал клубот да му го овозможи трансферот во Арсенал. Интер загуби во Торино 1:0.

Перишиќ сега чека Интер да ги прифати барањата на Арсенал, односно играчот до крајот на сезоната да биде позајмен, а потоа неговиот договор да биде откупен за 35 милиони евра.

Перишиќ во досегашниот дел од сезоната во Серија А одиграл 18 натпревари, успеал да забележи три гола и две асистенции.

Крилниот напаѓач со Арсенал би требало да потпише договор до 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП