1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКралевите се засилија со Иско

Кралевите се засилија со Иско

icko

Според весниците АС и Марка, еден од најталентираните шпански фудбалери Иско е нов играч на Реал Мадрид.

Еден од најдобрите играчи на последното европско првенство за играчи до 21 година во следните пет години ќе го носи дресот на „кралевите“, додека Реал Мадрид за него ќе плати обештетување од 30 милиони евра

Претседателот на Реал, Флорентино Перез и извршниот директор Хозе Анхел Санчез имаа средба во Мадрид со генералниот менаџер на Малага, Висенте Касадо каде беа договорени деталите од трансферот, кој ќе биде официјализиран во следната недела. Се очекува Иско да биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“ на почетокот на јули.

Постои опција како дел од трансферот Реал да позајми еден фудбалер на Малага, а тоа најверојатно ќе биде рускиот талент Денис Черишев.

Дваесет и едногодишниот Иско беше на чекор до преселба во Манчестер Сити, но во последен момент реши да не ја напушта својата татковина. Тимот од Мадрид веднаш реагираше и го ангажираше одличниот фудбалер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП