13 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОХјустон го преживеа кам-бекот на Торонто, Дончиќ шутерски расположен против Детроит (видео)

Хјустон го преживеа кам-бекот на Торонто, Дончиќ шутерски расположен против Детроит (видео)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 10 натпревари.

Тимот на Хјустон иако без неколку играчи од стартниот тим го доби дербито со Торонто (121:119). Како и вообичаени прво име во тимот на Хјустон беше Џејмс Харден кој овој пат постигна 35 поени.

Лука Дончиќ одигра нов одличен натпревар и во победата на Далас над Детроит (106:101) постигна 32 поени и запиша осум скока и исто толку асистенции. Словенецот и во овој натпревар како многу пати досега беше лидер на Далас на кој му помогна да ја продолжи да игра одлично на домашен терен. Грифин од Детроит со 35 поени беше најефикасен на натпреварот.

Јанис Антетокумпо имаше учинок од 34 поени и 14 скока и така беше најзаслужен за победата на Милвоки против Шарлот (108:99). Бакси одиграа одлично во последната четвртина и ја добија со 20 разлика за мирна завршница.

Денвер продолжи со добрите игри и овој пат славеше над Феникс со (132:95). Кај Денвер дури осум кошаркари имаа двоцифрен број на поени, а помеѓу нив најрасположен беше Пол Милисап со 20 поени.

Јута си направи проблеми во зацршните минути, но сепак стигна до победа против Минесота од 106:102. Во овој натпревар Карл Ентони Таунс запиша 33 поени и 10 скокови.

Во останатите натпревари Вашингтон го победи Орландо со 91:95, Мајами беше подобар од Кливленд со 94:100, Бруклин ги победи Њујорк Никси со 109:99, додека Клиперс на гости кај Чикаго беше подобар со 101:106, Сакраменто го совлада Мемфис со 96:99.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП