24 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Јонг во Барселона за 90 милиони евра

Де Јонг во Барселона за 90 милиони евра

Френки де Јонг, еден од најталентираните фудбалери во светот, наредното лето од Ајакс ќе се пресели во Барселона. Информацијата ја потврдил неговиот менаџер, Али Дурсун.

Покрај Барселона, изминатиот период интересот за услугите на 21-годишниот фудбалер не го криеја Манчестер сити, Пари Сен Жермен и Баерн Минхен.

Менаџерот Дурсун им се заблагодарил на Сити и ПСЖ со пораката дека младиот фудбалер кариерата сака да ја продолжи на „Ноу Камп“, пишува холандскиот весник „Телеграф“.

Според истиот извор, Ајакс од трансферот на Де Јонг ќе заработат 90 милиони евра, што е за 15 милиони повеќе од сумата што ја понудиле Сити и ПСЖ.

Договорот бил постигнат минатата недела кога претседателот и спортскиот директор на Барселона, Џозеп Марија Бартомеу и Ерик Абидал, имале состанок со Де Јонг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП