29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДалас и Дончиќ ја прекинаа лошата серија и го совладаа Клиперс (видео)

Далас и Дончиќ ја прекинаа лошата серија и го совладаа Клиперс (видео)

Кошаркарите на Далас Маверикс на домашен терен го совладаа Лос Анџелес Клиперс со 106-98 и ја прекинаа серијата од четири порази по ред.

Мечот во поголемиот дел беше изедначен, а Маверикси до победата стигнаа со подобра игра во финишот. Најефикасен кај тимот од Тексас беше Барнс со 20 поени, а Лука Дончиќ мечот го заврши со 17поени. Кај Клиперси Патрик Беверли се истакна со 16 поени.

Торонто Репторс и без Каваи Ленард го совлада Сакраменто на домашен терен со резултат 120-105 и го запишаа третиот триумф во низа. Најефикасни кај Репторси беа Лаури Венвилт со по 19 поени. Во редовите на Кингси се истакна Марвин Бегли со 22 поени, а Богдан Богдановиќ мечот го заврши со 16 поени.

Во останатите два натпревари, Оклахома Сити Тандер на домашен терен благодарение на новиот „трипл-дабл“ на Расел Вестбрук, славеше победа против Портланд Треил Блејѕерс со 123-114, а во последниот меч Минесота на гости го совлада Феникс Санс со 91-118.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП