18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord го претстави „освежениот“ Mondeo, во понудата и караван хибрид (фото+видео)

Ford го претстави „освежениот“ Mondeo, во понудата и караван хибрид (фото+видео)

Редизајнираниот „Ford Mondeo“ дебитираше на саемот за автомобили во Брисел. Покрај стилските подобрувања, претставена е и нова моторизација, како и караван верзија со хибриден погон.

И покрај претходните шпекулации за можното повлекување на „Mondeо“ од Европа, „Ford“ им понуди на европските купувачи им понуди „освежена“ верзија од овој модел.

Стилските промени на надворешноста се дискретни, а производителот ги истакнаразликите помеѓу поединечни пакети на опрема – „Titanium“, „ST-Line“ и „Vignale“.

Секој пакет доби нова маска на ладилникот. „Titanium“ верзијата се препознава по маската со хоризонталните хроминали лајсни, додека таа на моделите „ST-Line“ и „Vignale“ е со каскадна форма, со тоа што кај „ST-Line“ е целосно црна.

Променет исто така е и дизајнот на браникот, а тука се и новите 17 и 18 инчни алуминиумски бандажи.

19 инчните се достапни со новата, таканарачена „Liquid Aluminum“ завршна обработка.

Што се однесува до внатрешноста, моделите со осумбрзински автоматик имаат редизајнирани команди на менувачот во форма на ролна, што допринесе за зголемување на корисниот простор за чување на ситни работи на централната конзола.

Покрај тоа, купувачите на располагање ќе им бидат нови и дизајнирани навлаки.

Значителни промени се случија и на полето на моторизацијата на „Mondeо“. За прв пат во понудата е и „Mondeo Wagon Hybrid“.

Овој караван со хибриден погон е опремен со 2,0 литарски бензинец, електромотор и литиум-јонска батерија со капацитет од 1,4 kWh. Вкупната комбинирана моќ на системот изнесува 187 ks (137 kW), a на тркалата се пренесува преку новоразвиениот автоматски менувач кој според работата се однесува слично како „CVT“ преносниот систем.

Со помош на технологијата за регенеративно сопирање, хибридниот „Mondeo“ според фабричките податоци просечно троши 4,4 l/100 km.

Нов е и 2,0 литарскиот „EcoBlue“ дизел мотор, кој може да се нарача во три верзии – со 120 ks (88 kW), 150 ks (110 kW) и 190 ks (140 kW).

Првиот е достапен само со мануелен менувач со 6 брзини, додека другите два на располагање имаат и изборен осумстепен автоматик.

„Mondeo“ со дизел моторите во понудата е и со погон на сите 4 тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП