26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот Google Pixel е целосно разоткриен (видео)

Новиот Google Pixel е целосно разоткриен (видео)

Се чини дека стана вообичаено новите паметни телефони на „Google“, пред официјалното претставување, да се појават во „unboxing“ видео клипови на „јутјубери“ од Источна Европа.

Така беше и овој пат, со моделот „Google Pixel 3 Lite“. Нa „YouTube“ е објавено видео во кое детално се открива изгледот на овој смартфон кој треба да се појави на пазарот.

Станува збор за уред кој е дел од средната класа на паметни телефони, а за кој веќе се појавија ифнрормации на друштвените мрежи и на специјализираните сајтови.

Сега, конечно, на „YouTube“ каналот „Andro News“, „Pixel 3 Lite“ е прикажан во целост. Видеото многу брзо беше отстрането, но за кратко време повторно се појави на други канали.

Од него може да се дознае дека „Google“ својот нов смартфон го развива под кодното име „Sargo“.

Уредот има „Snapdragon 670“ процесор, има 4GB RAM меморија, „LCD“ екран со дијагонала од 5,56 инчи и резолуција од 2.220 x 1.080 пиксели. Сето тоа се напојува со батерија која има капацитет од 2.915 mAh. Tелефонот има и стандарден влез за слушалки од 3,5 милиметри.

Tелефонот е сличен на моделот „Pixel 3“, но нема секундардна „селфи“ камера, како ниту звучник на предната страна. Куќиштето во најголем дел е направено од пластика.

Треба да се спомене и дека „Pixel 3 Lite“ има слична задна камера како и неговите поскапи „роднини“. Станува збор за камера од 12 мегапиксели со оптичка стабилизација на сликата и отвор на блендата f/1.8.

Квалитетот на фотографиите најверојатно е идентичен со оној кој што го нуди камерата на моделот „Pixel 3“, наведува „The Verge“.

Не е редок случајот, не толку долго по ваквата објава да следи и официјалното претставување на самиот уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП