ПочетнаИНТЕРЕСНОАлкантара се сели во Јунајтед за 17 милиони

Алкантара се сели во Јунајтед за 17 милиони

G

Тимот на Манчестер Јунајтед е пред завршување на трансакцијата за фудбалерот на Барселона, Тиаго Алкантара. Износот што ќе биде платен за него е 17 милиони фунти.

Шампионот на Англија веќе постигнал договор со 22-годишниот Тиаго со што ги договориле неговите лични услови. Според договорот, фудбалерот ќе добива по 5 милиони фунти годишно.

Останува договорот да се финализира помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед, што е малку веројатно тоа да не се случи.

Во Јунајтед внимателно ги следат настапите на Тиаго, па по фантастичната презентација на Европското првенство за младинци, „црвените ѓаволи“ пристапија кон конкретни активности.