20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPS 4 соборува рекорди, далеку зад себе ги остави Xbox и Nintendo

PS 4 соборува рекорди, далеку зад себе ги остави Xbox и Nintendo

Конзолата е лансирана уште во 2013-та година и оттогаш ги надминува рекордите по продажба и доминира над сите останати конкурентски производи. Нормално станува збор за „Sony Playstation 4“ конзолата.

Па така „Playstation 4“ наскоро би требалода стигне до бројката од 100 милиони продадени единици ширум светот, бидејќи е лансирана во 2013-та година, а досега се продадени преку 92 милиони конзоли.

Покрај тоа, и бројот на месечни корисници на „PlayStation“ платформата бележи постојан раст, па на крајот на ноември 2018-та ја мина бројката од 90 милиони. „Xbox One“, од друга страна, не објавува информации за бројот на продадени единици уште од 2015-та, но според извештаите за приходите на компанијата се доаѓа до заклучок дека има продадено нешто повеќе од 19 милиони единици. „Nintendo Switch“ од лансирањето во март 2017-та има продадено 23 милиони конзоли, па така „PlayStation 4“ убедливо води на овој пазар.

Експертите проценуваат дека „Sony“ дека кога конкурентите ќе му се доближат, таа ќе ја лансира „PlayStation 5“, што ќе му донесе дополнителна предност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП