19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОва е новиот најголем производител на злато во светот

Ова е новиот најголем производител на злато во светот

Компанијата за ископување злато „Newmont Mining“ соопшти дека го купила конкурентот „Goldcorp“ со договор во вредност од 10 милијарди долари, на тој начин се создава најголемиот производител на злато во светот според волуменот на екстракција, пренесува „Reuters“.

Договорот е второто големо стекнување во рударската индустрија во последно време, откако во септември минатата година „Barrick Gold“ го купи „Rondgold Resources Ltd.“.

Рударската индустрија е под притисок на инвеститорите во последниве месеци поради лошото управување со капиталот.

Ова, заедно со опаѓањето на златните резерви и зголемувањето на трошоците за екстракција, ги принуди производителите да бараат заштеди на трошоците.

Според зборовите на извршниот директор на „Goldcorp“, Дејвид Гарофало, спојувањето има стратешко образложение на многу нивоа.

Од комбинираната компанија се очекува да произведе помеѓу 6 и 7 милиони унции злато во текот на следните 10 години.

Во 2017-та година, „Newmont“ ископа 5,3 милиони унции злато, додека „Goldcorp“ забележа 2,6 милиони унци.

Резервите и ресурсите на комбинираната компанија ќе бидат најголемите во секторот и ќе се наоѓаат во Северна и Јужна Америка, Австралија и Гана, посочуваат од производителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП