25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИVLC превземен преку 3 милијарди пати

VLC превземен преку 3 милијарди пати

Популарната програма со отворен код за репродукција на видео, но и аудио содржини, „VLC“ деновиве се пофали со интересна бројка, досега таа е превземена повеќе од 3 милијарди пати во целиот свет на различни платформи на која е присутна.

Станува збор за софтвер кој е присутен на „Window“, „macOS“, „Linux“, „Android“, „iOS“, „Chrome OS“, како и на не толку популарниот „Windows Phone OS“. Токму тоа, но и можноста за репродукција на голем број видео и аудио формати без потреба за инсталација на дополнителни кодеци е причина за големата популарност меѓу корисниците.

„VLC“ првата милијарда превземања ја забележа во 2012-та, втората милијарда во 2016-та, а третата сега со излегувањето на новата верзија „VLC 3.0.6“. За таа прилика е најавено и пристигнувањето на поддршката за „AirPlay“ и на „Android“ уредите што е опција која би требало да биде имплементирана следниот месец.

Исто така, непрофитната организација „VideoLAN“ која стои зад „VLC“ најави и како веќе работи на јубилејната четврта верзија на „VLC“ која ќе има некои долгоочекувани можности кои засега не се откриени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП