19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХарден сам ги победи Мемфис, Дејвис ги растури Клиперс (видео)

Харден сам ги победи Мемфис, Дејвис ги растури Клиперс (видео)

Екипата на Хјустон Рокетс им се врати на победите во НБА-лигата и на домашен терен водени од фантастичниот Џејмс Харден успеаја да слават над Мемфис Гризлис со 112-94.

„Ракетите“ доминираа цела средба, а прашањето околу победникот го решија во третиот квартал од мечот. Иако тимот од Тексас беше десеткуван и играше без повредени играчи како Пол, Гордон и Капела, симултанка имаше „Брадата“, кој направи шоу.

Харден имаше рекорд на сезоната и успеа да постигне 57 поени (17/33 од игра, 6/15 за три, 17/18 слободни фрлања), со уште девет скока и две асистенции за вкупно 34 минути на паркетот. На полувремето ланскиот МВП имаше 36 поени, што му е рекорд.

Кај Мемфис Гризлис, Конли и Темпл дадоа по 14 поени, додека Џексон и Каспи финишираа со по 12 поени.

На останатите натпревари во НБА-лигата, Тони Паркер со Шарлот се врати кај Сан Антонио Спарс, а „стршлените“ успеаја да слават со 93-108. Бруклин Нетс на домашен терен беше подобар од Бостон (109-102), додека Јута го совлада Детроит (100-94).

Сакраменто Кингс остана во игра за плеј-оф откако дома го победи Портланд (115-107), додека во Лос Анџелес, Клиперси на домашен терен загубија во неизвесна завршница од Њу Орлеанс, во дуел во кој експлодира Ентони Дејвис со 46 поени (117-121).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП