Вториот интернационален камп на Реал Мадрид Фондацијата вчера и официјлно беше отворен во Охрид. Добредојде на децата им посака носителот на лиценцата Влатко Тодев и менаџерот на Реал Мадрид Фондација, г-динот Карлос Касиљас Санчез.

“Драго ми е што сме овде во Македонија и што со нашите тренери од Мадрид, Хуан Андрес Гонзалес и Жоакин Валерио ќе Ви пренесеме дел од фудбалското искуство кое ќе ви овозможи нови знаења. Ќе учиме фудбал, а секојдневно преку едукативните предавања ќе ги имплементираме и основните вредности кои се темел на работата на нашата Фондација. Тоа се лидерство, тимска и напорна работа, почит и самоконтрола”, изјави Санчез.