7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнжи повторно нема да игра на својот стадион во Европа

Анжи повторно нема да игра на својот стадион во Европа

anzi

Иако на 17 март официјално го отвори својот нов стадион, рускиот прволигаш Анжи своите натпревари од Лигата на Европа ќе мора да ги игра во друг град во Русија.

Причина за тоа е што УЕФА проценила дека безбедносната ситуација во Дагестан не дозволува таму да се играат меѓународни натпревари во претстојната сезона. Затоа, од Анжи ќе биде побарано да предложи алтернативен терен за своите натпревари и да го посочи најдоцна до 30 јуни.

И тука настануваат големите проблеми. Москва не може да биде домаќин затоа што е веќе „пополнета“ за европските купови од домашните клубови, исто како и Краснодар, додека чеченскиот Краснодар исто така има забрана. Поради тоа, се уште не се знае каде ќе игра Анжи во новата сезона.

Инаку, лани тимот од Махачкала своите натпревари во Лигата на Европа ги играше надвор од својот град, па затоа Самуел Ето, Ласана Диара и Јури Жирков беа сместени во Москва каде што ги одигра своите натпревари од домшното првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП