26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple за оваа година планира нови LCD телефони

Apple за оваа година планира нови LCD телефони

„Apple“ планира да претстави три нови модели „iPhone“ оваа есен, вклучувајќи наследник на проблематичниот „XR“, најевтиниот нејзин уред од 2018-та година со „LCD“ дисплеј, што не успеа да ги исполни прогнозите на „Apple“ за продажба.

Планот на компанијата е да пушти неколку нови функции на камерата, вклучувајќи тројна задна камера за моделот од највисоката класа, како и двојна задна камера за другите два, дополнуваат изворите.

Придржувањето кон „LCD“ екранот се случува во момент во кој компанијата се бори со слабите продажби на „iPhone XR“ поради што ја намалија најновата прогноза за приходите. Според зборовите на изворите тоа делумно се должи на фактот дека „LCD“ телефоните одамна се планирани, а слични планови не се укинуваат лесно.

За 2020-та година „Apple“ размислува да се откаже од „LCD“ моделите, дополнуваат дел од изворите. Ова ќе биде значајна промена и таргетирање само на „OLED“ екраните за „iPhone“. „OLED“ дисплеите на сегашните модели „XS“ нудат подобар контраст и се поевтини од „LCD“ предлозите на „XR“, како и на постари модели како на „iPhone 7“ и „8“.

Иако производното планирање на овогодинешните уреди достигна до моментот во кој главните функции тешко би можеле да бидат промените, тоа не е завршено. Планирањето на моделите за 2020-та година е во почетна фаза и повеќе нешта ќе бидат разгледани, велат изворите.

Иновациите во „iPhone“ и стратегијата на линијата производи, вклучувајќи ги цените, се клучни за привлекување на корисниците, додека бројот на смартфоните кои „Apple“ ги продава низ целиот свет, се намалува.

Во Кина, „Apple“ се соочува со огромна конкуренција од локалните производители. Компанијата сепак генерира околу 20% од вкупните приходи од континентална Кина, Хонг Конг, Макао и Тајван.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП