29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСловенецот сам ја победи Минесота, Харден продолжи во МВП форма (видео)

Словенецот сам ја победи Минесота, Харден продолжи во МВП форма (видео)

По подолго време, екипата на Далас Маверикс запиша гостинска победа. Лука Дончиќ со 28 поени, 12 асистенции и осум скока беше прво име во тимот на Рик Карлајл во славјето кај Минесота (115-119), која неколку пати се врати од двоцифрена негатива, но не успеа да направи целосен пресврт. Словенецот имаше фантастична завршница и постигна тројка за да ја запечати судбината на противникот.

Најдобриот играч на Хјустон, Џејмс Харден, со „трипл-дабл“ го одбележа вчерашното шутерско шоу на неговата екипа против Кливленд (141-113). Со 43 поени, 13 асистенции и десет скока, минатогодишниот МВП играч продолжи да реди неверојатни бројки зад своето име кои го прават фаворит за индивидуалното признание и оваа сезона во НБА лигата.

Донован Мичел конечно заигра на посакуваното ниво и со 33 поени ја предводеше Јута во триумфот над ЛА Лејкерс (113-95).

Шампионот Голден Стејт постигна над 40 поени во две четвртини и убедливо го совлад Чикаго (146-109). Трите ѕвезди на „воините“ запишаа над 20 поени и ја продолжија трката со Денвер за првата позиција на Западната конференција.

Екипата на Вашингтон го искористи отсуството на Јанис Антетокумпо за да го добие дербито на Истокот против Милвоки (113-106). Томас Саторански беше изненадувањето во домашниот тим со својот прв „трипл-дабл“ учинок во НБА кариерата со 18 поени, 12 скока и десет асистенции.

Фаворитот во Источната конференција Торонто очекувано славеше против Бруклин (122-105) во меч во кој дури осум домашни кошаркари запишаа двоцифрен број на поени.

Во останатите натпревари, Атланта ја шокира Филаделфија (121-123), Индијана се радуваше против Њујорк (106-121), а Портланд беше убедлив на мечот со Шарлот (127-96).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП