8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОдбројувањето започнува – закажано е дебито на Samsung Galaxy S10

Одбројувањето започнува – закажано е дебито на Samsung Galaxy S10

Компанијата „Samsung“ официјално го потврди датумот на кој ќе ја претстави следната генерација премиум смартфонот „Galaxy S10“. Дебито ќе се одржи на настанот „Unpacked“, закажан за 20-ти февруари 2018-та година.

Само неколку дена не делат од почетокот на саемот „MWC 2019“, кој ќе се одржи во Барселона од 25-ти до 28-ми февруари. Како што се очекуваше, претходните нарачки за „Galaxy S10“ ќе бидат отворени на денот на објавувањето. Продажбата ќе започне на 8-ми март.

Според неофицијални податоци во серијата ќе влезат три основни модели – 6,4-инчен „Galaxy S10 +“, основниот 6,1-инчен „Galaxy S10“, поедноставниот 5,8-инчен „Galaxy S10 Lite“ или „Galaxy S10 E“.

Исто така, се очекува да има посебна верзија со поддршка за 5G мрежите.

Истовремено со премиум смартфоните на „Samsung“ не е исклучено да биде претставен новиот паметен часовник „Galaxy Watch“ и финалниот варијанта на смартфонот на преклоп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП