27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson претрпе милионски загуби поради промена на курсот на своите услуги

Ericsson претрпе милионски загуби поради промена на курсот на своите услуги

Шведскиот производител на телекомуникациска опрема „Ericsson“ ќе се збогува со 6.1 милијарди шведски круни (687 милиони долари) во четвртиот квартал, бидејќи се откажува од неуспешната стратегија на единицата-загубар „Business Support Systems“ (BSS), пренесува „Ројтерс“.

Таа обезбедува производи за полнење и фактурурање во реално време и се обиде да го зголеми обемот, но на крајот не успеа да ги постигне своите цели.

„Очекуваното корисничко пребарување … не се материјализира“, посочија од „Ericsson“ во соопштението. „Па некои проекти се судрија со одложувања и пречекорувања“.

„Ericsson“ соопшти дека ќе ја забрза реконструкцијата на „BSS“, дел од нејзината единица „Digital Services“ што носи околу 17% од приходите од продажба на групата. Идејата сега е компанијата да се фокусира повеќе на своите основни производи и да ја намали загубата на „BSS“ во 2019-та година.

Како резултат на веста акциите на компанијата ја намалија својата вредност со 4,5%, во позадина на 1% пад на „Stoxx Europe 600 Technology Index“.

Во 2018-та година цената на акциите на „Ericsson“ се зголеми значително, бидејќи нејзината програма за намалување на трошоците и оптимизација на бизнисите постигна успех во голем дел од нејзините бизниси, по години на криза, во која телекомуникациските оператори ги намалија трошоците.

Компанијата соопшти дека предвидува дополнителни трошоци за реструктуирање поврзани со планираните мерки, вклучувајќи и намалување на бројот на вработени. Трошоците изнесуваат 1,5 милијарди круни и ќе бидат направени оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП