20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОткриен радиосигнал од друга галаксија

Откриен радиосигнал од друга галаксија

Астрономите во Канада примија мистериозни сигнали кои доаѓаат од далечна галаксија, а нивното потекло сѐ уште не е познато.

Меѓу 13-те радио сигнали, кои беа фатени од телескоп во Канада, се наоѓал и необичен сигнал кој се повторувал, доаѓајќи од правец на галаксија оддалечена 1.5 милијарди светлосни години.

Постојат неколку теории од што може да бидат предизвикани радио сигналите. Астрономите ја вклучуваат и неутронската ѕвезда со исклучително моќно магнетно поле која ротира многу брзо, две неутронски ѕвезди што се спојуваат, или, според мислењето на некои, некој вонземски вселенски брод.

Оваков случај само уште еднаш беше пријавен од друг телескоп.

“Знаејќи дека постои друг извор, не води до заклучок дека може да има повеќе. Со зголемен број на сигнали и повеќе извори достапни за тестирање, би можеле да ја разбереме оваа космичка загатка “, вели Ингрид Стерс, астрофизичар на Универзитетот во Британска Колумбија.

Опсерваторијата “CHIME”, која се наоѓа во Британска Колумбија во долината Оканаган, се состои од четири полукружни антени долги 100 метри, кои секој ден го скенираат целото северно небо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП