Иако минатата година немаше многу активности на полето на „VR“ технологијата, се чини дека оваа година на тоа поле ќе биде многу „поживо“ од било кога.
Во тек е „CES“ (Consumer Electronics Show) фестивалот, најсилниот хардверски фестивал во светот, на кој „HTC“ го претстави својот најнов „VR“ уред – „Vive Cosmos“.
Иако се уште немам премногу конкретни детали, изгледа дека фокусот на тоа е дека овој уред е лесен и едноставен за користење, а пред се е направен да биде комфорен и пренослив.
Тоа во трајлерот и се означува со покажување на мобилниот телефон, па останува нејасно дали овој уред воопшто може да работи со класични „PC VR“ наслови, или е направен ислучиво за употреба со телефони.
Минатата година „HTC“ ја претстави верзијата „Vive PRO“, која чини околу 800 долари и која е наменета за попребирливите корисници, па многу веројатно е дека ова ќе биде некој вид „лајт“ верзија за корисниците кои сакаат да уживаат во „VR“ атмосферата со своите паметни телефони.