
Претставниците на Милан разговарале со напаѓачот на Удинезе, Антонио ди Натале за тој да премине во нивните редови.


Претставниците на Милан разговарале со напаѓачот на Удинезе, Антонио ди Натале за тој да премине во нивните редови.
Ди Натале се сретнал со челниците на „росонерите“, Галијани и Браидо кои покажале интерес за негово купување.
Антонио ди Натале претходно ја одби понудата на шампионот Јувентус и го продолжи договорот со Удинезе до летото 2014-та година. Тој во неговиот сегашен клуб пристигна во 2004-та година од редовите на Емполи.
Репрезентативецот на Италија ќе се состане со првиот човек на Удинезе, Џанпаоло Поко и неговиот син Џино за да разговараат за неговата иднина.
Удинезе и Ди Натале се уште преговараат за продолжување на договорот, но се уште немаат најдено заеднички јазик.