ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона ќе плати 75 милиони евра за Де Јонг

Барселона ќе плати 75 милиони евра за Де Јонг

Фудбалерот на Ајакс Френки Де Јонг уште оваа недела би можел да стане член на Барселона. Според „Ас“ двете страни влегле во завршната фаза од преговорите и возможно е работата да биде завршена во наредните денови.

Барселона се согласиле за 21-годишниот фудбалер да платат 75 милиони евра, а според „Ас“, клубот трансферот ќе го официјализира на 12.јануари.

За услугите на Де Јонг сериозен интерес покажуваат уште две екипи, Манчестер сити и Пари Сен Жермен.

Френки Де Јонг за репрезентацијата на Холандија има одиграно пет натпревари.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП