9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи и Галатасарај се натегаат за Микел

Челзи и Галатасарај се натегаат за Микел

John-Obi-Mikel-001

Играчот од средниот ред на Челзи, Џон Оби Микел се надева дека ќе дојде до договор меѓу неговиот клуб и Галатасарај. Тој исто така се надева дека ќе може повторно да игра заедно со неговиот поранешен соиграч Дидие Дрогба.

„Долго време сум во Челзи и подготвен сум да ја променам средината. Разговарав со Дрогба и верувам дека Истанбул е вистинскиот избор за продолжување на мојата кариера. Моите преговори со раководството на Галатасарај се завршени и преостанува само клубовите да се договорат меѓусебе“, вели нигерискиот интернационалец.

Микел во 2006-та година пристигна во Челзи и тоа токму на инсистрирање на повратникот на клупата на лондонскиот тим, Жозе Мурињо. Во дресот на „сините“ Нигериецот одигра 182 официјални натпревари на кои не успеа да постигне ниту еден погодок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП