25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.01.2019

Дневен хороскоп 09.01.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате позитивен став кон работата и колегите. Влијаете поттикнувачки на другите. Во љубовта запомнете дека вниманието и љубовта се основа на секоја добра врска.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не бидете суетни во односот со соработниците. Некогаш е важно да ја завршите работата како што треба, а не само да се претставувате како најдобри. Во љубовта се чувствувате празно.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Доколку веќе некое време размислувате за промена на работата ова е идеален ден за тоа. Не сте сигурни што чувствува саканото лице, но ништо нема да постигнете со вашето постојано противење.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Некој од соработниците нема доверба во вас и ќе се обиде да влијае на вашите планови. Поразговарајте отворено со него. Саканото лице ќе ви замери дека не му посветувате доволно внимание, обидете се да го промените тоа.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Вие сте многу сериозна личност, која ги става деловно-финансиските цели на компанијата пред своите. Колегите тоа го знаат и ценат. Чувствувате емотивна празнина, а не знаете како да ја пополните.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Некој директно ви создава пречки да ги остварите своите деловно-финансиски намери. Денес ќе дознаете за кого станува збор. Саканото лице има планови и цели кои драстично се разликуваат од вашите.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Иако сакате да започнете сопствен бизнис, сепак не треба да итате така лесно во непознат правец. Подобро е да почекате додека не ги соберете сите потребни информации. Во љубовта бидете искрени и отворени.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате одлични идеи, но вашата околина никако да ги прифати. Стрпете се малку, знаете како се вели „се во свое време“. Во љубовта доколку сакате да ја воодушевите личноста која ви се допаѓа, приредете и некое романтично изненадување.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можен е конфликт со личност која има цврсти ставови. Обидете се да останете прибрани. Имате прголеми очекувања од партнерот. Затоа и лесно се разочарувате.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Обрнете внимание, некој од вашата околина би можел да ви го покаже патот кон новите деловни прилики. Зошто намерно го нервирате саканото лице? Престанете да го правите тоа.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не сфаќате колку сте важни за колективот. Размислете за тоа. Размислете исто така и пред да изнесете некое барање пред партнерот. Вашите зборови би можеле многу да ве чинат.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не дозволувајте некој да ги намалува вашите заслуги. Држете до себе. Во љубовта нема потреба да форсирате некои работи. Кога ќе биде вистинското време за нив – тие ќе се случат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП