3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДиего Годин се договорил со Интер

Диего Годин се договорил со Интер

Познатиот инсајдер од Апенинскиот полуостров, Џанлука Марцио, објави дека Интер и Диего Годин постигнале договор, Уругваецот по завршувањето на сезоната да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Новинарот на „Скај Италија“, открива дека долгогодишниот играч на Атлетико со Интер договорил две годишна соработка.

Интерс за Годин покажувале и од редовите на градскиот ривал на Интер, Милан, но новиот спортски директор на Интер, Бепе Марота, успеал да го убеди Уругваецот од наредната сезона да носи „црно и сино“.

Договорот на Годин со Атлетико истекува на крајот од сезоната, поради што тој има можност да преговара со заинтересираните тимови.

Годин во Атлетико е од 2010 година, со кого освоил осум трофеи (Ла Лига, Копа дел Реј, две во Лига Европа, три Суперкупа на УЕФА, Суперкуп на Шпанија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП