22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДалас загуби на гости кај Бостон, пораз на Лејкерс без Леброн (видео)

Далас загуби на гости кај Бостон, пораз на Лејкерс без Леброн (видео)

Екипата на Далас продолжи да реди неуспеси на гостински терен и вчера загуби кај Бостон (114-93). Селтикси и без својата прва ѕвезда Кајри Ирвинг беа преголем залак за тимот од Тексас. Харисон Барнс со 20 и Лука Дончиќ со 19 поени немаа сили да приредат изненадување во „ТД Гарден“.

Очајната игра на ЛА Лејкерс без Леброн Џејмс продолжи и на вчерашниот дуел против Њујорк Никс (112-119) во „Стејплс Центар“. Како и во многу наврати оваа сезона, младите кошаркари на Лук Волтон испуштија предност во последната четвртина. Овој пораз им донесе пласман надвор од плеј-оф местата на западната конференција.

Пол Џорџ со 37 и Расел Вестбрук со 31 поени беа најзаслужни за новиот триумф на Оклахома Сити. Тандерси минимално го совладаа Портланд (109-111) и продолжија да се искачуваат на табелата. Нападот за израмнување за домашната екипа во последните секунди од мечот го промаши Си-Џеј Мекалум.

Интересен натпревар одиграа Чикаго и Индијана на кој се радуваше гостинската екипа (116-119) со поените на Виктор Оладипо на три секунди до крајот.

Во останатите натпревари, Милвоки ја декласираше Атланта (112-144), Мајами го доби дуелот со Вашингтон (115-109), Минесота славеше гостинска победа кај Орландо (120-103), Јута очекувано го надигра Кливленд (117-91), Бруклин го изненади Мемфис (109-100), а ЛА Клиперс победи против Феникс (121-111).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП