14 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОХарден преку двајца, во последната секунда им пресуди на Вориорс (видео)

Харден преку двајца, во последната секунда им пресуди на Вориорс (видео)

Фантастичниот Џејмс Харден беше клучен во триумфот на Хјустон против Голден Стејт од 135-134 во еден од трите синоќешни натпревари во НБА лигата.

Вориорс ја имаа победата во рака. На една минута пред крајот на регуларниот дел од мечот имаа предност и од шест поени, но Хјустон на крилјата на Харден успеа да стигне до 119-119 и продолжение. А, во продолжението Џејмс Харден на една секунда пред крајот погоди шут за три поени за триумф од 135-134. На спротивната страна се обиде да возврати Кевин Дурант, но не успеа.

Џејмс Харден повторно стигна до „трипл-дабл“, сега од 44 поени, 15 асистенции и 10 скока. Одличен меч одигра и Клинт Капела кој постигна 29 поени а запиша и дури 21 скок.

На спротивната страна, Стеф Кари постигна 35 поени, додека Дурант и Клеј Томпсон постигнаа по 26 поени.

Сан Антонио запиша триумф над Торонто од 125-107. Ламаркус Олдриџ ги предводеше домашните со 23 поени, ДеМар ДеРозан против поранешниот тим имаше „трипл-дабл“ од 21 поен, 14 скока и 11 асистенции.

Денвер на гостински терен славеше против Сакраменто со 113-117. Серијата одлични игри ја продолжи Џамал Мареј кој постигна 36 поени, а одличен беше и Никола Јокиќ со 26 поени и 13 скока. На спротивната страна Бади Хилд постигна 29 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП