5 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИТрговската војна ги погоди приходите на Apple

Трговската војна ги погоди приходите на Apple

Американската технолошка компанија „Apple“ направи редок потег, откако ја намали прогнозата за тримесечните приходи од продажбата, а извршниот директор Тим Кук за тоа го обвини одложувањето на продажбата на „iPhone“ во Кина, чија економија е под притисок од несигурностите околу трговските спорови меѓу Вашингтон и Пекинг, објави „Ројтерс“.

Веста ја испрати цената на акциите на „Apple“ на црвена територија за време на берзанската трговија во услови на паѓање на домашните цени на акциите и продажбата на светските пазари.

Намалувањето на приходите за токму завршениот квартал нагласува како едно економско забавување во Кина се одразува негативно на компаниите и лидерите во Пекинг и принудувајќи многумина да ги коригираат своите планови наспроти пазарот.

„Иако очекувавме некои предизвици на клучните пазари во развој, не ја проценивме моќта на економскиот потрес, најмногу во Кина, Тајван, Макао“, коментира во писмо до инвеститорите Тим Кук.

„Apple“ е во лоша позиција во Кина, клучениот пазар за продажба и место во кое произведува голем број од култните уреди кои се продаваат низ целиот свет, откако главниот финансиски директор на нејзиниот локален конкурент „Huawei“ беше уапсен во Канада.

По апсењето минатиот месец, кој беше по барање на САД, имаше спорадични докази дека кинеските потрошувачи се повлекуваат од производите на „Apple“. Но, пред тоа, „Huawei“ го зголеми својот удел на пазарот на сметка на „Apple“.

За „CNBC“, Кук коментираше дека производите на „Apple“ не станаа цел на кинеската влада, иако некои корисници може да се одлучат да не купуваат „iPhone“ или други уреди на „Apple“, бидејќи ова е американски бренд.

„Поголем проблем е забавувањето на кинеската економија и трговијата, што предизвикува поголем притисок“, рече Кук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП