29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Дабл-дабл“ на Дончиќ, Далас го уништи Шарлот (видео)

„Дабл-дабл“ на Дончиќ, Далас го уништи Шарлот (видео)

Кошаркарите на Далас Маверикс запишаа нова победа, откако синоќа на гостински терен го совладаа Шарлот Хорнетс со високи 84-122.

Маверикси уште по првата четвртина имаа предност од 42-26, а до полувреме зголемија на позитива од +24 (65-41). До крајот, Дончиќ и неговите соиграчи константно ја зголемуваа позитивата за конечни 84-122. Повторно Лука Дончиќ со „дабл-дабл“ учинок (18 поени и 10 скока) беше најзаслужен за победата, а уште четири негови соиграчи завршија со двоцифрен број на поени. Во тимот на Шарлот најефикасен беше Кемба Вокер со 11 поени.

Кошаркарите на Бостон Селтикс на домашен терен славеа победа против Минесота со 115-102. Селтикси победата ја најавија уште по првото полувреме, кое го добија со 60-42. Најефикасен кај Бостон беше Хејворд со 35 поени, а на спротивната страна Вигинс запиша 31 поен.

Детроит Пистонс запиша нова победа, откако триумфираше на гостински терен против Мемфис Гризлис со 94-101. Прв стрелец кај Пистонси беше Блејк Грифин со 26 поени, a кај Мемфис се истакна Џексон исто така со 26 поени.

Резултати: Шарлот – Далас 84:122, Кливленд – Мајами 92:117, Вашингтон – Атланта 114:98, Бруклин – Њу Орлеанс 126:121, Бостон – Минесота 115:102, Чикаго – Орландо 84:112, Мемфис – Детроит 94:101, Феникс – Филаделфија 127:132, ЛА Лејкерс – Оклахома 100:107.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП