Кинеската сонда “Cange-4” слета на темната страна на Месечината откако беше лансирана од центарот Сичанг во југозападниот дел на Кина, објави Кинеската централна телевизија.
Сондата се спушти и испрати фотографија преку сателитот “Cekiao”, кој ќе го пренесува комуникацискиот сигнал од Месечината на Земјата.
Далечната хемисфера на Месечината, позната како “темна страна”, никогаш не е видлива од Земјата и не е истражена и покрај тоа што беше снимена во 1959 година, објави АФП.
Сондата беше лансирана на 8-ми декември и влезе во лунарната орбита на 12-ти декември. Ова е првото меко слетување на темната страна на Месечината.
Роверот “Cange-4” носи шест експерименти од Кина и од странство, вклучувајќи ниско фреквентни астрономски експерименти.
Сондата, исто така, ќе врши минерални и радијациски трестови, објави кинеската Национална администрација за вселенски пронајдоци.
Во текот на лунарната ноќ, кој трае 14 дена, температурата паѓа до минус 173 целзиусови степени, а во текот на лунарниот ден, кој, исто така трае 14 дена, температурата расте до 127 степени Целзиусови.