25 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.01.2019

Дневен хороскоп 02.01.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можете да очекувате зголемен обем на работа во периодот кој доаѓа, а и заработката ќе ви биде доста подобра. Имате некои недоумици во врска со емотивниот партнер и не сте сигурни на кој начин треба да постапите.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денешниот ден не ви донесува многу деловни обврски, па ќе имате прилика за релаксација. Во љубота ве очекува возбудлив ден во кој ќе имате пријатна средба со некое лице кое подолго време ви се допаѓа.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекува ден во кој доста ќе размислувате за работата но нема да имате прилика да промените некои нешта. Во љубовта нервозата лошо ќе влијае на односот со саканото лице.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Вашата загриженост за работата е оправдана но обидете се малку да се релаксирате и да не дигате големи тензии. Доколку сте во врска побарајте поддршка од партнерот.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можно е да размислувате за промени кога станува збор за работата и потребно ќе ви биде време да ја донесете конечната одлука. Во љубовта ви доаѓа ново познанство, на полето за флерт може да биде многу интересно.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Размислувате за прекин на деловната соработка која според вас е несоодветна. Не брзајте со одлуките. Во љубовта ве очекува променлива емотивна состојба. Нема да бидете сигурни за следните чекори.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Можно е денес да слушнете некои трачеви кои се однесуваат на вашата работа но немојте премногу да им верувате. Во љубовта некое лице постојано ќе ви се додворува.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можете да очекувате дека ќе ви се укаже шанса за напредување на деловен план. Во љубовта ви се допаѓа личноста која сте ја запознале во некое пријатно и опуштено опкружување.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Финансиската ситуација е се подобра од ден на ден и постепено имате поголема сигурност на деловен план. Во љубовта можете да очекувате мали несогласувања со саканото лице но брзо ќе успеете да ги решите.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Загрижени сте за своето работно место но не би требало да бидете. Проблемите кои сега ви изгледаат за големи, се лесно решливи. Во љубовта обидете се да му ги покажете поотворено своите чувства на саканото лице.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Околностите може лесно да се променат иако на вас сега тоа ви изгледа за невозможна мисија. Наскоро ќе слушнете убави вести. Во љубовта слободните се подготвени за страствена авантура со некое интересно лице.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекува склопување на нова соработка во наредните денови. А денешниот ден искористете го за одмор и релаксација. Во љубовта партнерот ќе ве изненади со убав гест со кој ќе ви ја покаже искрената љубов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП