10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПогба: Ние сме Манчестер Јунајтед и нашето место е на врвот

Погба: Ние сме Манчестер Јунајтед и нашето место е на врвот

Авторот на два од погодоците за Манчестер Јунајтед при победата со 4:1 над Борнемут, Пол Погба изрази задоволство од успехот на „црвените ѓаволи“, кој е трет откако беше отпуштен менаџерот Жозе Мурињо, а неговото место заменето од Оле Гунар Солскјер.

– Имавме потреба од победа и ја постигнавме со добра игра. Рано е за општи заклучоци. Голем дел од сезоната допрва треба да дојде. Важно е Манчестер Јунајтед да се врати. Ние сме Манчестер Јунајтед и нашето место е на врвот. Што се промени со доаѓањето на Солскјер? Сите во клубот веќе уживаат во нивната работа. Победувавме и кај претходниот тренер, но сега го правиме на друг начин, играме со друг стил. Манчестер Јунајтед започна да игра напаѓачки и да создава повеќе шанси. Токму така сакаме да играме, прокоментира светскиот шампион со Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП