4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПоради грешка Instagram накратко го промени својот дизајн

Поради грешка Instagram накратко го промени својот дизајн

„Instagram“ почна да тестира хоризонтален приказ на објавите кај одреден број корисници, воведувајќи сосема различен изглед од оној кој е карактеристичен за апликацијата откако е направена. 

Истата функција е тестирана во октомври оваа година во категоријата „Explore“. Се чини дека сега постепено ова ќе се шири и на почетната страница кај поголем број корисници.

Новиот начин на прикажување сите објави ги претвора во едно големо стори, заедно со „кликањето“ за да се дојде до идната содржина и лента на врвот која прикажува колку далеку сте стасале.

Станува збор за прилично голема промена за корисниците на „Instagram“, кои се навикнати на стариот изглед. Во хоризонталниот приказ, акцентот е ставен на поединечна фотографија или реклама во дадениот момент. Можете да ја прегледувате само поединечната објава, а коментарите се поистакнати.

Исто така, значително е потешко да се прелиста очетната бидејќи, како што напоменавме, можете да прегледувате само објава по објава. Но, затоа е полесно да се дојде до сторито, со едно движење на прстот од горе надолу. Се чини дека хоризонталниот преглед засега ја опфаќа само почетната страница.

Шефот на „Instagram“, Адам Мосери, на „Twitter“ напиша дека станува збор за тест, кој станал достапен за повеќе луѓе отколку што очекувале. Но, од „Facebook“ пристигна демант. Според нив, станува збор за грешка во програмирањето која брзо е поправена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП