27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei Mate 20 Pro е тежок за поправање (видео)

Huawei Mate 20 Pro е тежок за поправање (видео)

Huawei Mate 20 Pro минатиот месец беше расклопен од страна на iFixit тимот, и на тестот доби оценка 4/10 за поправање (десетка се добива за најлесното сервисирање).

Сега телефонот се најде во рацете на Зак Нелсон, од популарниот YouTube канал JerryRigEverything.

Зак забележа неколку интересни работи при расклопување на телефонот. За разлика од својата конкуренција, Huawei не користел бакарни разладни цевки. Наместо тоа, искористена е термална паста и метални плочи за отстранување на топлината. Слушалката е лоцирана нешто пониско, за да може Huawei најдобро да го искористи просторот.

Расклопувањето открива и дека in-screen сензорот за отисок на прстот е поврзан со екранот, така што оштетувањето на едниот или другиот дел бара замена на двата дела. Тоа значи дека сервирањето е тешко и скапо. Повеќе детали за тоа што се може да се најде во Mate 20 Pro, погледнете гo видеото подоле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП