Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс во дерби натпреварот од божиќната програма славеа на гостински терен против Голден Стејт Вориорс со 201-127. Победата на „езерџиите“ добива на тежина, бидејќи од средината на третата четвртина играа без Леброн Џејмс, кој поради повреда го напушти мечот и не се врати до крајот.
Според последните информации повредата на „кралот“ не е од посериозен карактер и се очекува тој брзо да се врати на паркетот. Најзаслужен за победата на Лејкерси беше Кајл Кузма со 19 поени, а повторно одлична вечер имаше Иван Зубац, кој мечот го заврши со 18 поени и 11 скока. Кај актуелниот НБА шампион најефикасен беше Андре Игудала со 23 поени, а Кевин Дурант застана на 21 кош.
Празнична победа забележаа и кошаркарите на Јута Џез, откако на гостински терен го совладаа тимот на Портланд Траил Блејзерс со 96-117. Најзаслужен за триумфот беше Донован Мичел со 19 поени, а кај Портланд Љилард постигна највисоки 20 поени.
Во останатите натпревари, Бостон Селтикс во неизвесен натпревар и по продолжение ја совлада Филаделфија 76ерс со 121-114, претходно Хјустон Рокетс славеше победа против Оклахома Сити Тандер со 113-109, а во првиот меч од божиќната програма Милвоки Бакс на гости го совлада Њујорк Никс со 95-109.