21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОШампионот „преживеа“ против Клиперси, Лејкерси поразени од Мемфис

Шампионот „преживеа“ против Клиперси, Лејкерси поразени од Мемфис

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс во извонреден натпревар славеа победа против Лос Анџелес клиперс со 129-127. Пресудна за победата на „воините“ беше третата четвртина, која ја добија со 36-23. Прв стрелец кај Голден Стејт беше Стеф Кари со 42 поени, а Кевин Дурант застана на 35 коша. На спротивната страна Тобијас Херис запиша постигна 32 поени.

Богдан Богдановиќ продолжи со одличните настапи и беше еден од најзаслужните за победата на Сакраменто Кингс против Њу Орплеанс Пеликнс со 122-117. Србинот на крајот мечот го заврши со 24 поени, а најефикасен кај „кралевите“ беше Хил со 28 поени

Лос Анџелес Лејкерс во израмнет натпревар потклекна во финишот и на свој терен е поразен од Мемфис Гризлис со 99-107. Повторно одлична вечер кај „езерџиите“ имаше Хрватот Зубац со 19 поени, а Леброн Џејмс мечот го заврши со 22 коша, но на крајот недоволни за позитивен резултат. Кај победничкиот тим прв стрелец беше Џексон со 27 поени.

Во еден од најинтересните натпревари синоќа, Портланд Трејл Блејзерс по продолжение го совлада Далас Маверикс со 121-118. Најпрво Лука Дончиќ погоди тројка на 0,6 секунди и донесе продолжение за својот тим, но Маверикс немаа сили за освојување на целиот плен. Прв стрелец кај Портланд беше Лиљард со 33 поени. Кај Далас Барнс запиша 27 коша, а Дончиќ мечот го заврши со 23 поени.

Во останатите натпревари Бостон Селтикс славеше на домашен терен против Шарлот Хорнетс со 119-103, Бруклин Нетс победи против Феникс Санс со 111-103, Кливленд Кавалирс во дербито на дното е поразен од Чикаго Булс со 92-112, Мајами Хит го совлада Орландо Меџик со 91-115, а Оклахома Сити Тандер на домашен терен загуби со тесни 112-114 од Минесота Тимберволвс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП