2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСателитот "Експрес" испрати фотографии од ледениот кратер на Марс

Сателитот “Експрес” испрати фотографии од ледениот кратер на Марс

Сателитот “Експрес”, на својот пат околу Марс направи фотографии од кратерот Королев, кој е широк 80 километри, исполнет со мраз.

Овој кратер е интересен не само поради тоа што претставува добро сочуван доказ кој сведочи за судирот на небесните тела што некогаш се случил, туку и поради тоа што е полн со мраз со дебелина од еден километар преку целата година. Поради тоа стана предмет на интерес за “Марс експрес” сателитот, лансиран од Европската вселенска агенција пред 15 години за да се фокусира на мразот и глечерите на Црвената планета.

Мразот од кратерот Королев е отпорен на топење поради тоа што температурата не се зголемува дури и во текот на потоплите денови од годината, а масивната мразна рамнина претставува т.н. “ледена замка”. Ова значи дека атмосферските гасови што минуваат низ мразот се ладат, а потоа се спуштаат за да формираат ладен штит што го спречува топењето.

“Марс експрес” е задолжен за фотографирање на различни делови од планетата и испраќање фотографии до Земјата, од кои научниците формираат комплетна слика. Така, фотографиите на кратерот Королев составен од пет снимки, од кои секоја е направена во различан период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП