23 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНова симултанка на Харден, шампионски танц на Голден Стејт

Нова симултанка на Харден, шампионски танц на Голден Стејт

Кошаркарите на Хјустон Рокетс ја запишаа четвртата победа по ред, откако на домашен терен ја совладаа Јута Џез со 102-97. Повторно најзаслужен за триумфот беше Џејмс Харден со 47 поени, а во финишот кога се решаваше мечот погоди и две тројки. Рокетси го контролираа мечот цело време, а покрај Харден во тимот на „ракетите“ се истакна и Такер со 16 поени. Кај „џезерите“ најефикасен беше Гобер со 18 поени.

Актуелниот шампион, Голден Стејт Вориорс, славеше лесна победа против Мемфис Гризлис со 110-93, а своја рекордна вечер имаше Стеф Кари, кој ја проби границата од 15.000 поени во својата кариера. Кари мечот го заврши со 20 поени, а најефикасен беше Кевин Дурант со 23 поени. На другата страна се истакна Омри Каспи со 20 поени.

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер на домашен терен запишаа нова лесна победа, откако славеа против тимот на Чикаго Булс со 121-96. Расел Вестбрук го запиша 111-от „трипл-дабл“ (13 поени, 16 скока и 11 асистенции), а најефикасен кај „громовите“ беше Пол Џорџ со 24 поени. Кај Булси, Финецот Лаури Марканен оствари учинок од 16 поени.

Во останатите натпревари, Блејк Грифин со првиот „трипл-дабл“ беше најзаслужен за победата на Детроит Пистон против Милвоки Бакс со 107-104, Феникс Санс ја запиша третата победа по ред, откако на гости го доби тимот на Њујорк Никс со 110-128, Минесота го совлада Сакраменто Кингс со 132-105, а Сан Антонио Спарс славеше убедлива победа против Филаделфија 76ерс со 123-96.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП