19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОШампионот во финишот го освои Сакраменто, Селтикси продолжија да доминираат (видео)

Шампионот во финишот го освои Сакраменто, Селтикси продолжија да доминираат (видео)

Шампионот Голден Стејт им се врати на победите и го доби дуелот со Сакраменто (125-130). Кари со 35 и Дурант со 33 поени ја предводеа екипата на Стив Кер, која се искачи на второто место во западната конференција.

Најдобар учинок во изминатата НБА ноќ имаше Јанис Антетокумпо, кој со 44 поени и 18 скока му помогна на Милвоки да се радува на теренот на Кливленд (102-114).

Лидерот на Западот, Денвер Нагетс, го доби дербито со Оклахома Сити (109-98) и остана единствената екипа со едноцифрен број на порази оваа сезона. Србинот Никола Јокиќ имаше солидна вечер во која беше блиску до нов „трипл-дабл“, запишувајќи 24 поени, 15 скока и девет асистенции.

Екипата со најдобра форма во лигата Бостон Селтикс продолжи да доминира и да се искачува на табелата во источната конференција. Осмиот последователен триумф за избраниците на Бред Стивенс се случи вчера против Атланта (129-108) во меч во кој клучни беа првата и третата чевртина, во кои домашните кошаркари ја надминаа границата од 40 поени.

Џоел Ембид одигра монструозна партија со 40 поени и 21 скок, но Филаделфија загуби од Индијана (101-113) во меч на кој не настапија Џими Батлер и Бен Симонс.

Во останатите натпревари, Њујорк го победи Шарлот (124-126), Бруклин го изненади Вашингтон (125-118), Мајами со победа си замина од Мемфис (97-100), а Портланд го доби дербито против Торонто (128-122).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП