3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнфантино не отстапува од идејата во Катар да играат 48 репрезентации

Инфантино не отстапува од идејата во Катар да играат 48 репрезентации

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рекол дека политичките тензии нема да влијаат околу носењето на одлуката, дали некои натпревари на Светското првенство во 2022 година ќе се играат надвор од Катар.

Инфантино има намера да го прошири турнирот со уште 16 репрезентации, што значи дека околу организацијата Катар ќе мора да побара помош од околните држави.

Во јуни 2017 година Бахреин, Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, поради политички несогласувања, ги прекинаа дипломатските односи со Катар.

Првиот човек на ФИФА рекол дека „би било изводливо“ некои натпревари да бидат одиграни во околните земји.

„Имам доволно среќа да ја разгледувам оваа опција, а при тоа да не сум ограничен со политички прашања“, рекол Инфантино и дополнил.

„Ние размислуваме за фудбалот, а не за политиката, а во фудбалот понекогаш сништата се остваруваат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП